ИАРСМ потпиша Меморандум за соработка со Националниот центар за акредитација на Молдавија

На 24 мај 2023 година, во Дубровник, во рамки на заседанието на Генералната асамблеа на ЕА, потпишан е Меморандум за соработка во областа на акредитацијата помеѓу Институтот за акредитација на Република Северна Македонија (ИАРСМ) и Националниот центар за акредитација на Република Молдавија (МOLDAC).

Потпишувањето на овој Меморандум е израз на добрата волја на потписниците за воспоставување на информативна, аналитичка и организациска соработка во областа на акредитацијата, во согласност со релевантните документи на меѓународните и регионалните организации за акредитација. Главните правци на соработка се размена на искуства и информации во врска со акредитирањето на телата за оцена на сообразност, ваземни сведочења, размена на оценувачи, организирање на обуки, работилници, семинари и конференции со тематика на прашања од заеднички пројавен интерес, засилување на соработката на економски план помеѓу двете економии, особено преку елиминирање на техничките бариери во трговијата преку процесот на оцена на сообразност. 

Воедно, со потпишувањето на Меморандумот, ИАРСМ ја проширува билатералната соработка, што како цел е содржано и во Годишната програма за работа на ИАРСМ во 2023 и е составен дел од стратегијата за ефективна соработка со националните тела за акредитација ширум светот.