Под мотото Акредитацијата: ,,Поддршка на иднината на глобалната трговија”, со пригодна свеченост на 09 јуни 2023 година, Институтот за акредитација на Република Северна Македонија (ИАРСМ) го одбележа Светскиот ден на аредитацијата и 20 годишниот јубилеј од неговото постоење и работа.
На настанот присуствуваа бројни гости – претставници на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за економија, јавниот и приватниот сектор, научно-образовни институции, здравствени установи, соработници, претставници на телата за оцена на сообразност и претставници на медиумите.
Во контекст на годинашното мото, настанот беше поздравен од:
– г-ѓа Размена Чекиќ-Дурловиќ– државен секретар во Министерството за економија,
-г-дин Михајло Евросимовски, претставник на Сојузот на стопанските комори на Македонија и член на Советот на Институтот,
– проф.д-р Давор Звиздиќ– претседател на хрватско здружение на лаборатории КРОЛАБ и претседател на Техничкиот комитет за квалитет при ЕУРАМЕТ и
– г-дин Слободен Чокревски – директор на ИАРСМ.
Пред широкиот аудиториум, проф.д-р Давор Звиздиќ одржа стручно предавање на тема ,,Инфраструктура за квалитет и оцена на сообразност”.
Во рамки на свеченоста беа промовирани: редовното издание на Билтенот за 2022 година, кој по повод дведеценискиот јублеј од основање и работа на Институтот содржи осврт на најзначајните датуми и чекори во развојот и работата на ИАРСМ, беше промовирана брошура и видео материјал на тематика на годинешното мото, промовирани беа и наменски брошури за акредитација по ИСО 37001 и ИСО 27001 и беа претставени развојните планови на Институтот.
Традиционално на свеченоста беа врачени и сертификатите на акредитираните и реакредитираните тела за оцена на сообразност во периодот јуни 2022 – мај 2023 година.
На крајот по повод давесет годишниот јубилеј на ИАРСМ беа врачени плакети на акредитираните тела за оцена на сообразност во чиј состав работат акредитирани тела за оцена на сообразност по различни шеми за акредитација, на соработниците и на дел од вработените во ИАРСМ кои учествувале во развојот и градењето на Институтот како единствено национално тело за акредитација во земјава.