Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) со поддршка на TAIEX Инструментот во рамки на Европската Комисија, на 09 и 10 декември 2015 во хотел „Арка“, Скопје, организираше работилница за акредитација на лаборатории за тестирање за емисија на отпадни гасови.
На работилницата беа разработени следниве теми:
• Директива 2008/50/ЕУ на Европскиот Парламент и Советот од 21 мај 2008, за квалитет на амбиентален воздух и почист воздух во Европа;
• Директива 2010/75/ЕУ на Европскиот Парламент и Советот од 24 ноември 2010, за емисии од индустријата;
• Барањата на CEN/TS 15675:2007 и поврзаноста со барањата на Европската организација за акредитација (ЕА);
• Оценување на лабораториите за тестирање во согласност со МКС EN ISO 17025:2006 и МКTС CEN/TS 15675:2009.
Предавачи на работилницата беа М-р Драгица Крижанец од Хрватското тело за акредитација (HAA) и експертот Д-р Јуриј Чретник од организацијата RACI (Rationalisation of Combustion Processes), Словенија а учесници беа водечки оценувачи, технички оценувачи и експерти од Листата на оценувачи на ИАРМ и претставници од телата за оцена на сообразност.
Работилницата беше планирана согласно Годишниот план за обуки на Институтот за акредитација на Република Макeдонија (ИАРМ) за 2015 година, а на учесниците им беа доделени сертификати за учество на истата.