Услови за

Условите што треба да ги исполнуваат телата за оцена на сообразност кои сакаат да се пријават за акредитација се подетално опишани во документот:

Правилник за општите барања за компетентност на телата за оцена на сообразност (P04)
 
Сите стандарди бараат телото за оцена на сообразност да располага со документација која го појаснува нивниот правен идентитет, организација, систем за квалитет, контрола на документите, обучен персонал, техничка обученост и способност, постапки за работа, соодветни записи и документите кои се издаваат.
 
  • Лабораториите може да добијат акредитација за тестирањe или калибрациja, доколку ги задоволуваат барањата на Стандардот МКС EN ISO/IEC 17025 – Општи барања за компетентност на лаборатории за тестирање и лаборатории за калибрација. Стандардот МКС EN ISO/IEC 17025 ги определува и барањата за давање мислење и интрепетација во извештаите од лабораторијта , иако ИАРМ за таа активност не нуди акредитација.                                                                  Mедицинските лаборатории за добивање на акредитација мора да ги задоволат барањата на стандардот МКС EN ISO 15189:2022. Со публикувањето на новото издание на МКС EN ISO 15189:2022, вклучени се и барањата за POCT – point of care testing.
  • Tелата за сертификација може да добијат акредитација за сертификација на производи, процеси и услуги и сертификација на системи за управување.
  • Телата за сертификација на производи може да добијат акредитација, доколку ги задоволуваат барањата на Стандардот МКС EN ISO/IEC 17065– Оцена на сообразност – Барања за телата за сертификација на производи, процеси и услуги.
    Телата за сертификација на производи/процеси издаваат сертификат за сообразност на производите/процесите со применливите технички или други прописи, стандарди или технички спецификации.
  • Телата за сертификација на системи за управување може да добијат акредитација, доколку ги задоволуваат барањата на Стандардот Стандард МКС EN ISO/IEC 17021-1 – Оцена на сообразност – Барања за телата кои обезбедуваат проверка и сертификација на системи за управување – Дел 1: Барања.  Покрај тоа, да ги задоволуваат и барањата на стандардите од ниво 4, MKC EN ISO/IEC 17021-2;  MKC EN ISO/IEC 17021-3; МКТС ISO/IEC TS 17021-10, како и применливите ЕА и IAF задолжителни документи.Телата за сертификација на системи за управување издаваат сертификат на организации, кога нивниот систем за управување ги задоволува барањата на еден од стандардите (МКС EN ISO 9001, МКС EN ISO 14001, МКС EN ISO 45001).
  • Инспекциските тела може да добијат акредитација, доколку ги задоволуваат барањата на Стандардот МКС EN ISO/IEC 17020- Општи критериуми за работа на различни типови на тела кои изведуваат инспекција, како и ILAC P15 Примена на EN ISO/IEC 17020 за акредитација на инспекциски тела.
  • Инспекциските тела врз основа на резултатите од тестирањето на производите, нивниот дизајн и употреба, процесот, производство и целокупната работа ја оценуваат нивната сообразност со одредени специфични или општи барања. По извршената инспекција, тие издаваат извештај или сертификат, во кои како задолжителен составен дел е изјавата за сообразност.