Потпишани договори со АТ на Србија и АТ на Црна Гора

На 29. јануари 2008 година, Институтот за акредитација на Република Македонија потпиша билатерални договори за соработка во областа на акредитацијата со Акредитационото Тело на Србија и Акредитационото Тело на Црна Гора.

Во согласност со Спогодбата за слободна трговија во Централна Европа “CEFTA 2006”, АНЕКС 1, поглавјето IV Технички пречки во трговијата, со цел на отклонување на непотребните пречки во трговијата (во смисол на СТО Спогодбата за технички пречки), Институтот за Акредитација на Македонија и Акредитационото Тело на Србија, како и Акредитационото Тело на Црна Гора ќе соработуваат и разменуваат информации во областа на акредитацијата постапувајќи према принципите и нормите кои ги усвоиле европските и меѓународните организации во оваа област.
Целта на овие договори е да се обезбеди постојана соработка помеѓу договорните страни заради хармонизација на процесот на акредитација на регионот, со активно учество на двете акредитациони тела во развојот и унапредувањето на процесот на акредитација во трите држави.
Во рамките на потпишаните договори, договорните страни ќе соработуваат во областа на акредитацијата на лаборатории кои вршат испитување и калибрирање, телата кои вршат сертификација на производи, системи на управување, лица и контролни тела.
Со овие договори опфатени се следните активности:
– размена на информации за активностите и документацијата во областа на акредитацијата;
– заедничко организирање на семинари и конференции
– заемна обука на кадри
– размена на оценувачи и технички експерти регистрирани кај договорените страни, со цел на запознавање на процесот на акредитација на лице место;
– спроведување на заедничко оценување
– заедничко учествување на организциите од Република Македонија, Црна Гора и Република Србија во меѓулабораториските споредби.
Како израз на својата решеност да соработуваат, договорните страни периодично, а најмалку еднаш годишно, ќе утврдуваат програми за соработка со конкретните проекти.