ИАРМ e потписник на EA-MLA и ILAC-MRA

Во рамките на 30-то редовно Генерално собрание на Европската организација за акредитација (ЕА), кое се одржа во Мадрид на 23-24 Мај 2012 година, ИАРМ официјално го потпиша Договорот за взаемно признавање на сертификатите за акредитација (EA-MLA) со Европската организација за акредитација.
 
Склучувањето на Договорот значи дека издадените документи од македонските акредитирани тела за оцена на сообразност (лаборатории за тестирање и калибрација, инспекциски и сертификациски тела) ќе се признаваат во Европа и пошироко.
 

Исто така, ИАРМ стана потписник и на Договорот за мултилатерално признавање на акредитациите за областите тестирање и калибрација (ILAC-MRA) со светската организација за акредитација – Меѓународна организација за акредитација на лаборатории (ILAC). Ова значи дека извештаите од тестирањата и сертификатите за калибрација издадени од македонските акредитирани лаборатории меѓународно се признаваат.