НОВО ИЗДАНИЕ НА СТАНДАРДОТ ISO/IEC 17020:2012

 
На 1ви март 2012 год, ISO  го објави новото издание на стандардот ISO/IEC 17020:2012 Оцена на сообразност – Барања за работење на различни типови на тела кои изведуваат инспекција.
Со резолуција, членките на ILAC се согласија за три годишен трaнзиционeн/преоден период на прилагодувања кон новите барања на стандардот од денот на објавувањето на стандардот.

Tригодишниот транзиционен период завршува на 1ви март 2015 год.

ИАРМ, согласно “Процедурата за промена на барањата за акредитација“ – ПР 04-01, подготви акционен план за имплементација на промените на барањата за акредитација, согласно новиот стандард.

 

Според планот, ИАРМ ќе отпочне со оцена по новиот стандард МКС EN ISO/IEC 17020:2012, на барање на клиент од 1 ви мај 2013, а од 1 ви јануар 2014 година сите оценувања ќе се вршат согласно новиот стандард.