Обука за „Мерна следливост и пресметка на мерна неодреденост при калибрација на мерила со помош на реферантни гасови и на мерила за бучава“

Согласно Годишниот план за обуки на Институтот за акредитација на Република Макдонија (ИАРМ) за 2013 година, на 26.02.2013 г. ИАРМ организираше обука на тема ,,Мерна следливост и пресметка на мерна неодреденост при калибрација на мерила со помош на референтни материјали и на мерила за бучава”.
Предавачи на обуката беа д-р Зоран Грков – Македонски институт за квалитет и Бети Вуковојац – Биро за метрологија.
Обуката беше наменета за водечки и технички оценувачи од Листата на оценувачи на ИАРМ, чиј непосреден ангажман во изведувањето на акредитациските оцени бара соодветна надградба на знаењето.  
Тематските содржини на обуката имаа за цел учесниците подетално да се запознаат со моделите и методите за калибрација, пресметка на мерната неодреденост и обезбедување на следливоста со помош на референтни материјали како и калибрација, пресметка на мерната неодреденост и обезбедување на следливоста каj мерилата за бучава.
Целта на обуката беше подигнување на нивото на компетентност на учесниците, заради соодветна примена на барањата на стандардите при акредитациски оцени на телата за оцена на сообразност.
На крајот на обуката на учесниците им беа доделени соодветни Сертификати.