Одржана обука за оценувачи

Во процесот на акредитација, Институтот за акредитација на Република Македонија, користи оценувачи со соодветно образование, стручност и потребно искуство во областите, односно во склоп на работата за оценување на сообразноста за која се бара акредитација. За таа цел, а согласно Процедурите на ИАРМ,  во периодот од 22-26.09.2009 год во Скопје (во просториите на Машинскиот факултет), Институтот за акредитација на Република Македонија во соработка со ГТЗ – Канцеларија за поддршка на техничката соработка во рамките на развојната техничка соработка меѓу владите на Република Македонија и Сојузна Република Германија организираше петдневна обука за оценувачи.         

         Обуката беше организирана за ново вработените во ИАРМ, за експерти од листата  на експерти за системот на акредитација, за кандидатите за оценувачи како и за клиентите и потенцијалните клиенти на ИАРМ и истата беше изведена од  претставници на ИАРМ и експерти од ГТЗ. На обуката имаше 17 (седумнаесет)  учесници.
        Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења од областа на стандардите за акредитација  и самиот процес на оценување  и акредитација со што ќе добијат можност да се вклучат како оценувачи во процесот на акредитација.
       Обуката за оценувачи опфати запознавање со содржината и практичната примена на стандардите  • ISO 17025 : 2005 Општи барања за компетентност на лабораториите за тестирање и калибрирање; • ISO  17020 : 2004 Општ критериум за работење на различни типови на тела кои изведуваат инспекција; • ISO  17021 : 2006 Барања за тела кои спроведуваат проверка и сертификација на системите за управување. • Како и запознавање со принципите за управување со квалитет  ISO 9001; 
         На крајот од обуката на сите учесници им беше доделен Сертификат за учество.  
        Со оваа обука Институтот за акредитација на Република Македонија ја прошири својата листа на оценувачи, кои во иднина може да ги користи, согласно правилата во процесот на акредитација. 
         По повод Тренинг курсот – Обука за оценувачи,  ИАРМ ја издаде брошурата „ Водич за оценувачи”, и истата беше  доставена  до сите учесници на обуката.