Промоција на системот за акредитација во Република Македонија

Промоција на ИАРМ во Тетово, Штип и Битола
Почитувани,
Согласно Годишната програма за работа на Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) за 2013 година, Институтот за акредитација организира кампања за промоција на системот за акредитација во Република Македонија.
Покрај организираниот настан во Скопје по повод Светскиот ден на акредитацијата и одбележувањето на 10 годишнината од основање и работа на ИАРМ, промоцијата ќе се реализира поединечно уште во три града, и тоа:
Во Тетово промоцијата ќе се одржи на 19 јуни 2013 година, во хотел Лирак со почеток во 10.00 часот.
Во Штип промоцијата ќе се одржи на 25 јуни 2013 година, во хотел Изгрев со почеток во 10.00 часот.
Во Битола промоцијата ќе се одржи на 28 јуни 2013 година, во Центар за култура со почеток во 10.00 часот.
За целта на промоцијата издадени се и едукативни материјали – брошури, на следниве теми: “Зошто да станете акредитирана лабораторија” и “Зошто да станете акредитирано инспекциско тело”, кои ќе бидат презентирани од страна на вработени во ИАРМ.
Промоциите се од отворен карактер, а официјално за учество се поканети и претставници на локалните јавни органи и служби, претставници од бизнис секторот и локалните медиуми.
По тој повод, упатуваме јавна покана за учество на настаните до сите заинтересирани лица.
Со почит од ИАРМ