,,Промоција на системот за акредитација во Република Македонија‘‘

 
 ИНСТИТУТ ЗА АКРЕДИТАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
 
Институтот за акредитација на Република Македонија во соработка со Организацијата на потрошувачите на Македонија и Стопанска комора на Македонија имаат чест да Ви упатат
 
ПОКАНА
за учество на:
 
,,ПРОМОЦИЈА НА СИСТЕМОТ ЗА АКРЕДИТАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА‘‘ 
 
Промоцијата ќе се одржи на ден  11.04.2012 година (среда) во Скопје  со почеток во 11 часот, во просториите на Стопанска комора на Македонија, Скопје, спрат 5  сала број 4.
Организацијата на овој настан претставува дел од кампањата која се спроведува низ повеќе градови на Република Македонија со цел промоција на системот за акредитација во Република Македонија, подигањето на свеста за потребата и значењето на акредитацијата, како и безбедноста на производите, со посебен акцент на безбедноста на лифтовите и нивно одржување.
На промоцијата поздравни обраќања ќе имаат:
  • Претставник од Министерството за економија
  • М-р Борче Размоски, Претседател на Советот на Институтот за акредитација на Република Македонија
  • Д-р Трпе Ристоски –Директор на Институтот за акредитација на Република Македонија
  • М-р Маријана Лончар Велкова –Претседател на Организацијата на потрошувачите на Македонија
  • Г-ѓа Јадранка Аризанковска – Стопанска комора на Македонија,
 На настанот ќе бидат промовирани и следниве информативни материјали:
  • ,,Акредитацијата – промотор на квалитетот‘‘, Д-р Трпе Ристоски, Директор на Институтот за акредитација на Република Македонија
  • ,,Лифтови, нивно одржување и периодични прегледи основни информа­ции за правни и физички лица‘‘, Г-дин Дејан Стојковски, Раководител на одделение за акредитација на инспекциски тела.
 
Повеќе информации за настанот можете да добиете на контакт телефонот на ОПМ
 ++ 389 2 3 179 592, opm@opm.org.mk лице за контакт Елизабета Спиридонова.