10 години ИАРМ и Светски ден на акредитацијата

Почитувани,
Со особена чест и задоволство, Ви соопштуваме дека на 10 јуни 2013 година Институтот за акредитација на Република Македонија со пригодна свеченост ќе ги одбележи првата деценија од своето основање 2003-2013 и Светскиот ден на акредитацијата.
Традиционално во рамки на настанот, чие глобално мото годинава е ,,Акредитација: Олеснување на светската трговија“, свечено ќе бидат доделени Сертификатите за акредитација на телата акредитирани во периодот мај 2012 – Мај 2013 година.
Настанот ќе се одржи на ден 10 јуни 2013 г. во хотел Холидеј Ин, сала
Милениум 1, во периодот од 10.00-12.00 часот.
Со почит од ИАРМ