9-ти јуни – Светски ден на акредитацијата

 На 9-ти јуни, 2011 година, во хотел „Александар Палас“, под мотото „Поддршка на работата на регулаторите“, Институтот за акредитадија на Република Македонија ќе го одбележи Светскиот ден на акредитацијата. Истовремено, на настанот ќе биде претставен и проект „Техничка помош за зголемување на капацитетите на Институтот за акредитација (ИАРМ)“, финансиран од Европската Унија.
Во насока на промоција на акредитацијата, и оваа година, во рамките на свеченоста јавно ќе бидат доделени сертификатите за акредитација на телата акредитирани во периодот јуни 2010/2011 година.

Свеченоста ќе ја поздрават Заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Владимир Пешевски и претставник од Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, а со своето присуство настанот ќе го поддржат носителите на проектот, претставници од министерствата и други државни органи, раководството и вработените на ИАРМ, телата за оцена на сообразност и оценувачите на ИАРМ.