Завршна Работилница во рамките на Проектот “Системите за управување со квалитет во индустриските претпријатија во Република Македонија”

Почитувани,
 
Ве известуваме дека на 28 јануари 2016 година, во хотелот Опера Хаус во Скопје, со почеток во 10 часот, ќе се одржи завршната Работилница во рамки на Проектот “Системите за управување со квалитет во индустриските претпријатија во Република Македонија” – согледувања и препораки.
 
На Работилницата преку тематски излагања ќе бидат сублимирани заклучоците произлезени од Проектот во врска со ефективната имплементираност на системите за управување со квалитет во стопанските субјекти, со посебен стручен соврт на согледаните состојби во индустриската практика и можности.
  
Исто така, преку планираната дискусија на Работилницата се очекува учесниците заеднички да ја вреднуваат целта на овој проект: согледување на состојбите и проблемите кои се јавуваат во имплементираните системи за управување со квалитет, причините за проблемите, препораки за надминување на истите, примена на предложените препораки во практика и согледување на резултатите од нивната примена.
  
Заинтересираните учесници – претставниците на стопанските субјекти и сертификациските тела, своето учество можат да го пријават најдоцна до 25.01.2016 на следнава е-мејл адреса: info@iarm.gov.mk
Пријавен лист