Обука за вработените во ИАРМ на тема: ,,Имплементација на стандардот MKC EN ISO/IEC 17011 во QMS-системот на ИАРМ и Работилница за хармонизација на водчеките оценувачи од ИАРМ.”

 
Од 12 до 14 март 2015 г. во Битола, Институтот за акредитација на Република Македонија организираше обука за вработените на тема: ,,Имплементација на стандардот MKC EN ISO/IEC 17011 во QMS-системот на ИАРМ и Работилница за хармонизација на водчеките оценувачи од ИАРМ.”
Предавачи на обуката беа вработени од ИАРМ, а целта на обуката беше надградување на капацитетите на вработените согласно барањата на Стандардот MKC EN ISO/IEC 17011, неговата практична примена во корелација со процедурите за работа на ИАРМ при спроведување на постапките за акредитација, евентуалната потреба од нивно надополнување или изменување, како и размена на стекнатите искуства и мислења, што беше реализирано преку соодветни презентации и дискусии.
Во рамки на барањата на Стандардот MKC EN ISO/IEC 17011 како посебна тема беа опфатени резултатите од изведениот прв редовен надзор по потпишувањето на ЕА-МLА, кој треба да се резултира со официјално потпишување на важноста на ЕА МLА Договорот и за областа за акредитација на медицински лаборатории.
Исто така, во рамки на обуката беше одржана и Работилница за хармонизација на водечките оценувачи од ИАРМ со цел постигнување повисок степен на кохерентност при изведување на постапките за акредитација.
Настанот беше заокружен со сумирање на постигнатите работни и развојни цели на ИАРМ и утврдување на натамошните развојни правци и работни активности.
Крајната цел на обуката беше преку реализираната програма да се подигне нивото на компетентност на учесниците, информираност и подготовка за претстојните активности на ИАРМ што се од суштинско значење за одржување и развој на акредитациската дејност како на национален, така и на меѓународен план.
На крајот на обуката на учесниците им беа доделени соодветни Сертификати.