Одбележан ,,Светскиот ден на акредитацијата”

Под мотото ,,Акредитацијата: Обезбедување на доверба во снабдувањето со енергија“, во хотелот Холидеј Ин, Институтот за акредитација на Република Македонија со пригодна свеченост го одбележа Светскиот ден на акредитацијата.
На нaстанот поздравни обраќања имаа: 
– г-дин Спиро Ристовски, министер за образование и наука во Владата на Република Македонија.
– м-р Дејан Бошковски, генерален директор на АД ,,Електрани на Македонија”,
– м-р Борче Размоски, Претседател на Советот на ИАРМ и
– д-р Трпе Ристоски, директор на ИАРМ.
 
Присутните гости, соработници, претставници на телата за оцена на сообразност, како и претставници од електроенергетскиот сектор и научно-образовните институции, имаа можност да ја проследат промоцијата на првиот видео запис за работата на Институтот.

 

Исто така, во рамки на свеченоста бeа промовирани и Годишниот извештај за работа на ИАРМ за 2013 година и наменска брошура на тематика на годинешното мото.

 

Традиционално, на свеченоста свечено беа доделени сертификатите на акредитираните и реакредитираните тела за оцена на сообразност во периодот јуни 2013 – мај 2014 година.

 

Со почит од ИАРМ