III-та Меѓународна конференција ,,Квалитет и компетентност 2017”

Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) и Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела МАКЛАБ ја организираат третата по ред Меѓународна конференција ,,Квалитет и компетентност 2017”.
 
Годинешнава Конференција ги опфаќа следниве тематски цели:
 
1. Значењето на акредитацијата за следење на Европските насоки за обезбедување на квалитет и нивно усогласување со законската регулатива на РМ
2. Практични искуства од имплементацијата за системите за квалитет во лабораториите, инспекциските тела и телата за сертификација
3. Испитување, контрола на квалитет и следење на состојбите во животната и работната средина
4. Испитување на квалитетот и безбедноста на храната
5. Примена на системите за квалитет во градежништвото
 
Организациската цел на настанот е развој и унапредување на квалитетот и компетентноста на лабораториите и инспекциските тела преку презентирање на теми значајни за лабораториската пракса и размена на искуства помеѓу лабораториите, инспекциските тела и институциите од регионот и пошироко, што ќе има ефективни одрази во јакнење на националната инфраструктура за квалитет.
Исто така, во рамките на настанот, ИАРМ го организира и одржувањето на редовната Регионална средба на телата за акредитација. Средбата се организира врз основа на Договорите за билатерална соработка на националните тела за акредитација од регионот. Тркалезната маса, се организира како посебна тематска целина на Конференцијата на која ќе се дискутира по прашања за меѓусебната соработка на националните тела за акредитација.
Конференцијата ,,Квалитет и компетентност 2017” ќе се одржи од 14-16 септември 2017г., во хотел Силекс, Охрид, Република Македонија.
Заинтересираните лица, на Конференцијата можат да учествуваат и со презентација на трудови од своја област.
По тој повод, Ве покануваме да земете учество на Конференцијата, а подетални информации за организацијата дадени се во Поканата и Пријавата за учество, достапни на интернет страната на ИАРМ и интернет страната на МАКЛАБ: www.maklab.org.com
ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО