ОДРЖАНА ОБУКА ЗА ВОДЕЧКИТЕ И ТЕХНИЧКИТЕ ОЦЕНУВАЧИ И ЕКСПЕРТИТЕ НА ИАРМ ЗА НОВАТА ВЕРЗИЈА НА СТАНДАРДОТ МКС EN ISO/IEC 17025:2018

На 09 и 10 октомври 2018 година, во хотел „Арка“, Скопје, ИАРМ одржа обука за водечките и техничките оценувачи и експертите на ИАРМ за новата верзија на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018 кои се вклучени во постапките за акредитација на лабораториите за тестирање и калибрација.

 

Со воведно обраќање, обуката ја отвори в.д Директорот на ИАРМ, г-н Теодор Шутаров кој ја истакна потребата и важноста од одржувањето на обуката во контекст на транзициониот период за премин кон новата верзија на стандардот кој според политиката на ИАРМ започнува на 01 ноември 2018 година а завршува на 30 ноември 2020 година.

 

Предавачи на обуката беа Драган Велевски, Владимир Јаневски, Теодора Ташевска, Јасмина Јаневска и Сандра Костеска, кои се вработени во ИАРМ и се водечки оценувачи за лаборатории.

 

На обуката беа разработени сите барања на стандардот, при што посебно внимание беше посветено на оние барања кои се карактеризираат со клучни промени или вклучуваат новитети споредбено меѓу новата верзија на стандардот од 2018 година и старата од 2006 година. Преку дискусија во која беа вклучени сите учесници на обуката, беа размените искуства и мислења поврзани со новите барања на стандардот од 2018 година.