Проширување на ИАФ МЛА на ИАРСМ за акредитација на тела за сертификација на системи за управување

Проширување на ИАФ МЛА на ИАРСМ за акредитација на тела за сертификација на системи за управување

На 29 октомври 2019 година, во рамките на состанокот на Заедничкото Генерално собрание на IAF и ILAC, што се одржа во Франкфурт, на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија, ИАРСМ, како член на IAF, му беше официјално доделен потпишаниот договор за мултилатерално признавање на IAF за акредитација на тела за сертификација на системи за управување (IAF MLA).

 

ИАРСМ е потписник на:

IAF MLA

Главен опсег

Сертификација на производи – ISO / IEC 17065 – 26 октомври 2015 година

Сертификација на системи за управување – ISO / IEC 17021-1

Подопсег

Ниво 4

MS: ISO / IEC 17021-3 – 25 јануари 2019 година

MS: ISO / IEC 17021-2 – 25 јануари 2019 година

Ниво 5

MS: ISO 9001 (QMS) – 25 јануари 2019 година

MS: ISO 14001 (EMS) – 25 јануари 2019 година

 

Како резултат на евалуацијата на ИАРСМ од тимот за евалуација на ЕА (peer evaluation), ИАРСМ, во 2018 година, го прошири опсегот и потпиша ЕА МЛА за акредитација на тела за сертификација на системи за управување.

Како последица на потписничкиот статус на EA MLA, ИАРСМ поднесе пријава за проширување на опсегот до IAF. Проширувањето на опсегот на MLA за акредитација на телата за сертификација на системите за управување е признаено од IAF, без потреба од дополнителна евалуација од страна на IAF.

Како резултат на потпишаниот договор за меѓусебно признавање, IAF MLA, акредитираните тела за сертификација од страна на ИАРСМ, се признаени ширум светот.