Средба со заменик премиерката Славица Грковска на тема можност за воведување на стандардот за антикорупција ISO 37001

На средбата одржана на 26.08.2022 година со Анета Арнаудовска, преставничка на антикорупциската иницијатива (РАИ), Славица Грковска заменик премиер на владата на Република Северна Македонија и професорот Гоце Наумовски од правниот факултет при УКИМ беа разговарани повеќе теми поврзани со антикорупциските политики и можноста од  воведување на меѓународниот Стандард за спречување на корупција ISO 37001, кој е дизајниран со соодветни механизми за превенција и откривање, како и конкретни мерки за борба против корупција. 

Доброто владеење во секоја институција вклучува демонстрација на одговорност и воспоставување на стандарди со кои ќе се унапреди системот на функционирање и ќе се зголеми квалитетот на работата на услугите.