ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПУБЛИКУВАЊЕ НА ISO 15189:2022 – Медицински лаборатории – Барања за квалитет и компетентност

На почетокот на месец декември 2022 година, ISO го објави четвртото ново издание на стандардот ISO 15189:2022 – Медицински лаборатории – Барања за квалитет и компетентност, чија ревизија беше под надлежност на Техничкиот Комитет во рамки на ISO, ISO/TC 212 Clinical laboratory testing and in vitro diagnostic test systems. Во ова издание вклучени се и барањата за POCT (Point of Care Testing – Испитување покрај или во близина на пациентот).

 Согласно Резолуциите (EA Resolution 2022 (52) 16 и ILAC Resolution GA 26.08), преоднот период за примена на новото издание на стандардот е три години од датумот на објавување, односно декември 2025 година. Во дефинираниот транзиционен период важечки се двете изданија на стандардот (ISO 15189:2012 и ISO 15189:2022). Резолуциите се достапни на следниов линк.

Во наредниот период ИАРСМ ќе објави дополнителна информација за транзициониот период и спроведување на оцените по новото издание.