Одржана обука на тема ,,Следливост и мерна неодреденост”

Согласно планот за обуки на ИАРСМ утврден во Годишната програма за работа на ИАРСМ за 2023 година на 08 јуни 2023г. во Скопје во х. Панорамика се одржа Обука за вработените во ИАРСМ (координатори и оценувачи) и надворешни соработници на тема ,,Следливост и мерна неодреденост”.

Примарна цел на обуката беше зајакнување на компетенциите на учесниците во врска со спецификите на барањата на стандардот EN ISO/IEC 17025:2018 и меѓународните правила карактеристични за следливоста и мерната неодреденост во работата на акредитираните тела за оцена на сообразност.

Предавач на обуката беше проф.д-р Давор Звиздиќ, претседател на хрватското здружение на лаборатории КРОЛАБ и претседател на Техничкиот комитет за квалитет при ЕУРАМЕТ.

 Ефективноста на обуката беше верификувана со полагање на тест, по што на учесниците им беа доделени соодветни Сертификати.

ПРОГРАМА