ИНФОРМАЦИЈА ЗА ТРАНЗИЦИЈА НА ISO 14001:2015 КОН ISO 14001:2026 на акредитирани сертификациски тела за системи на менаџмент со животна средина

Институтот за акредитација на Република Северна Македонија (ИАРСМ) ги известува акредитираните сертификациски тела за преминот од ISO 14001:2015, вклучувајќи го и Amd 1:2024, кон новото издание ISO 14001:2026.

Транзицијата се спроведува согласно документот Global ACI-TECH-3-TR 2029-04-30 (M), Transition Requirements for ISO 14001:2026, Version 1.0, од 14.09.2026 година.

1. Транзициски период и рокови

Транзицискиот период трае три години и завршува на 30.04.2029 година.

  1. Обврски на акредитираните сертификациски тела

Секое сертификациско тело акредитирано од ИАРСМ за сертификација на системи за управување со животната средина согласно ISO 14001:2015 треба да:

  1. Изврши анализа на разликите помеѓу ISO 14001:2015 и ISO 14001:2026.
  2. Подготви и спроведе план за транзиција кој ќе ги опфати влијанијата на новото издание врз процесите на сертификација.
  3. Ги ажурира релевантните документи, процедури и други документирани информации.
  4. Ги утврди потребните компетенции и обезбеди компетентност на релевантниот персонал, вклучувајќи аудитори, прегледувачи на извештаи, донесувачи на одлуки и лица вклучени во преглед на барањата и договорите.
  5. Ја преиспита постапката за определување на времетраењето на аудитите, земајќи ги предвид промените во новото издание.
  6. Воспостави постапка за управување со транзицијата на сертификатите и информирање на постојните сертифицирани клиенти.
  7. Достави пополнета и потпишана Изјава за транзиција, заедно со придружните докази, до ИАРСМ најдоцна до 31.01.2027 година.
  1. Документација што треба да се достави до ИАРСМ

Со Изјавата за транзиција, сертификациското тело треба да достави најмалку:

  • Анализа на разликите помеѓу ISO 14001:2015 и ISO 14001:2026;
  • План за транзиција и имплементација;
  • Ревидирана документација на сертификациското тело;
  • Докази за утврдени и обезбедени компетенции на релевантниот персонал;
  • Постапка за определување на времетраењето на аудитите, доколку е применливо;
  • Постапка за управување со сертификатите во текот на транзицискиот период.
  1. Постапување на ИАРСМ

ИАРСМ ќе ја разгледа доставената Изјава за транзиција и придружните докази и ќе донесе одлука за транзиција на акредитацијата на сертификациското тело.

Согласно Global ACI-TECH-3-TR 2029-04-30 (M), за оваа транзиција не е задолжително спроведување на посебна оценка на документацијата, оценка во седиштето или сведочење пред донесувањето на транзициската одлука.

ИАРСМ ги задржува правото и можноста, врз основа на проценет ризик и специфични околности, да побара дополнителни активности пред донесување на одлуката.

Сите транзициски одлуки треба да бидат донесени најдоцна до 30.04.2027 година.

По позитивна одлука за транзиција, ИАРСМ ќе ги ажурира прилозите кон сертификатите за акредитација.

При следните редовни оценки ќе се проверува имплементацијата на транзицијата, а најмалку едно сведочење на аудит според ISO 14001:2026 ќе биде реализирано пред завршување на транзицискиот период.

  1. Издавање сертификати

Сертификациските тела можат да издаваат акредитирани сертификати според ISO 14001:2026 само по добивање позитивна одлука за транзиција на нивната акредитација од страна на ИАРСМ.

По 31.10.2027 година не е дозволено издавање нови иницијални акредитирани сертификати според ISO 14001:2015.

Сите постојни сертифицирани организации треба да ја завршат транзицијата кон ISO 14001:2026 најдоцна до 30.04.2029 година.

По овој датум акредитацијата за сертификација според ISO 14001:2015 повеќе нема да биде валидна.

  1. Доставување на документацијата

Пополнетата и потпишана Изјава за транзиција, заедно со придружните документи, треба да се достави електронски до ИАРСМ најдоцна до 31.01.2027 година.

Прилог: Изјава за транзиција за сертификациските тела – (преземи тука)

Скопје, 30.10.2026