ИАРМ потпиша договор за соработка со акредитационото тело на Република Молдавија

Во рамките на посетата на Институтот за акредитација на Република Македонија, организирана во состав на обуката „Инфраструктура за квалитет за безбедност на храна“ за земјите од Балканскиот регион, ИАРМ потпиша договор за соработка со акредитационото тело на Република Молдавија (Center of accreditation in the field of products conformity assessment – CAECP).

Предмет на договорот е обезбедување на континуирана поврзаност меѓу двете акредитациони тела за стандардизирање на акредитациониот процес во регионот со цел да се овозможи меѓусебна поддршка за развој на акредитацијата во двете земји. Договорот за соработка предвидува размена на искуства, учество на информативни сесии, конференции, работилници итн., заедничко учество на обуки, организација на оцени со тимови за оцена со членови од двете акредитациони тела и изведување на заеднички акредитации во согласност со правилата на европските и меѓународните организации за акредитација.