Потпишан договор за соработка со Хрватската агенција за акредитација (ХАА)

Институтот за Акредитација на Република Македонија (ИАРМ) потпиша Договор за соработка со Хрватската агенција за акредитација (ХАА)

За време на одржувањето на состанокот на ЕА МАС Комитетот за договори за взаемно признавање (Multilateral Agreement Committee), одржан во Букурешт, Република Романија, во периодот 30.09.2008 – 02.10.2008година, Институтот за Акредитација на Република Македонија (ИАРМ) потпиша Договор за соработка со Хрватската агенција за акредитација (ХАА). 

Цел на Договорот е континуирана соработка помеѓу двете акредитациони тела за постигнување на еднообразен акредитационен процес во регионот и обезбедување взаемна поддршка за развој и унапредување на акредитационите активности во двете земји.

Во рамките на ЕА принципите, двете страни потписнички на Договорот, меѓуостанатото одлучија:

i. Да ја развиваат и одржуваат меѓусебната доверба,
ii. Да постигнат и одржуваат еквивалентност и хармонизација на акредитационите активности во согласност со упатствата од EA, IAF и ILAC, 
iii. Да организираат размена на информации за акредитација, применета на национално ниво,
iv. Да ги идентификуваат и да го промовираат отклонувањето на техничките или административните бариери во трговијата, од областа на акредитацијата,
v. Да промовираат доследна интерпретација и апликација на нормативните документи и да предлагаат акции за олеснување на имплементацијата,
vi. Да ги идентификуваат специфичните технички проблеми кои можат да бидат предмет на проекти за соработка, vii. Да одржуваат работни врски со релевантните тела и промоција на инфраструктурата поврзана со хармонизација на акредитацијата,
viii. Да дебатираат околу трендовите и да воспостават критериуми за опсегот на акредитација и да одржуваат канали за постојан проток на знаења,
ix. Меѓусебно да се поддржуваат  за зачленување во целиот опсег на мултилатералните договори за взаемно признавање MLA.