Редовен Годишен состанок на телата за акредитација од регионот и учество на ,,Недела на квалитетот 2022”

            Во рамки на зацртаните програмски активности за продолжување и јакнење на регионалната соработка, на 10-11 март 2022г., вработени од Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) реализираа работна посета на Акредитациското тело на Србија (АТС), кое беше домаќин и организатор на Редовниот Годишен состанок на телата за акредитација од регионот. 

       Овој состанок се организира врз основа на склучените билатерални договори за соработка националните тела за акредитација од регионот, и тоа  Македонија (ИАРСМ), Србија (АТС), Босна и Херцеговина (БАТА) и Црна Гора (АТЦГ).

       На состанокот се сумираа резултатите од меѓусебната соработка на годишно ниво, се анализираа и дискутираа прашања од областа на акредитацијата, искуствените политики од одржување и надградба на системите за управување со квалитет, анализа на состојбата, работа во услови на пандемија, придобивките од имплементација на системите за квалитет од аспект на акредитацијата, состојбите со националната инфраструктура на квалитет, развојни планови и правци за усогласување на системите согласно барањата на меѓународните документи. Особено во фокусот на интерес беа активностите во врска со реализираните оцени за peer evaluation за ЕА МЛА договорите, формално-правни и материјално-правни рамки за работење на телата од регионот и други актуелни прашања и размена на искуства и оценувачи.

      Во рамки на оваа работна средба, Институтот за акредитација на Република Северна Македонија (ИАРСМ) оствари уште една редовна активност, а тоа е учество на 31-та манифестација ,,Недела на квалитетот 2022” во организација на Фондот за култура на квалитет и извонредност од Белград.

      На Манифестацијата која беше од интернационален карактер, директорот на ИАРСМ имаше официјално обраќање пред многубројните учесници-експерти за наука и стопанство и компетентни лица за квалитет.