Одбележан “Светскиот ден на акредитацијата 2022”

Одбележан “Светскиот ден на акредитацијата”

Под мотото Акредитација: Одржливост во економскиот раст и животната средина”, со пригодна свеченост на 09 јуни 2022 година,  Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) го одбележа Светскиот ден на аредитацијата.
На настанот присуствуваа бројни гости – претставници на Владата на Репбулика Македонија, Министерството за економија, градежниот сектор, јавниот сектор, научно-образовни институции, здравствени установи, соработници, претставници на телата за оцена на сообразност и новинари.
Во контекст на годинашното мото, настанот беше поздравен од:

– г-ѓа Славица Грковска – заменик премиер на владата на Република Северна Македонија

– г-дин Тихомир Бабиќ – претседател на хрватско здружение за квалитет

– г-дин Слободен Чокревски – директор на ИАРСМ

– г-ѓа Магдалена Трајковска Трпевска – претседател на МАКЛАБ

– г-дин Зоран Грков – прв директор на ИАРСМ.

Во рамки на свеченоста беа промовирани Дигитализацијата на ИАРСМ и брошура на тематика на годинешното мото.
Традиционално на свеченоста беа врачени и сертификатите на акредитираните и реакредитираните тела за оцена на сообразност во периодот јуни 2017 – мај 2022 година.

Оваа година исто така беа врачени  плакети за соработниците кои се со институтот од самиот почеток до денес. 
 
 
Со почит од ИАРСМ