Одржана Петтата Меѓународна конференција за “Квалитет и компетентност 2022“

        Во организација на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија (ИАРСМ) и Македонското здружение на лаборатории (МАКЛАБ) од 29 септември до 01 октомври 2022г., во хотел Силекс, Охрид, се одржа Петтата Меѓународна конференција на тема ,,Квалитет и компетентност 2022”.

       Конференцијата, која по петти пат беше организирана во земјава, предизвика широк интерес кај заинтересираните субјекти пред се кај лабораториите и инспекциските тела.

      На настанот свои обраќања имаа м-р Слободен Чокревски–Директор на ИАРСМ,  м-р Магдалена Трајковска Трпевска-Претседател на МАКЛАБ, д-р Давор Звиждиќ, Претседател на Хрватското здружение на лаборатории КРОЛАБ, г-ца Лаура Мартини-Генерален секретар на ЕУРОЛАБ и претстaвникот на ТУРКЛАБ.

       Тематските целини на Конференцијата беа:

– Национална и европска законска рамка за обезбедување на квалитет, Промовирање на акредитацијата како потврда на квалитетот     

– Основни принципи и развојни трендови во лабораториите за тестирање,
калибрација и инспекциски тела, колку и како ги користиме модерните
технологии

– Искуства на телата за акредитација од регионот

-Тестирање и контрола во животната средина, индустријата и земјоделството
-Улогата на лабораториите во развојот на стопанството

-Испитување и сертификација на производи наменети за домашниот пазар и
за европските пазари и истите, очекувано го предизвикаа интересот на домашни и меѓународни автори, па на Конференцијата беа презентирани вкупно 12 трудови пред околу 90 учесници. Меѓу нив две презентации беа подготвени од учесниците од ИАРСМ.

       Целта на Конференцијата беше обезбедување придонес за развој и унапредување на квалитетот и компетентноста на лабораториите, инспекциските и сертификациските тела, лабораториската пракса и размена на искуства помеѓу телата за оцена на сообразност и институциите од регионот и пошироко и секако унапредување на квалитетот на живеење и работење.

       Во рамките на настанот, ИАРСМ беше домаќин на редовната Регионална средба на телата за акредитација-Искуства на телата за акредитација од регионот. На средбата беа споделени и разменети развојни исксуства и планови за идни активности на националните тела за акредитација, како и предизвиците и промените со кои се соочуваат во секојдневното работење. Средбата редовно се организира врз основа на Договорите за билатерална соработка на националните тела за акредитација од регионот и пошироко (Србија, Хрватска, Црна гора, Босна и Херцеговина).

ПРОГРАМА