Учество на состанок на националните членки на ЕУРОЛАБ и придружните настани 2022 (20-21 Октомври, Истанбул, Турција)

На покана на генералниот секретар на ЕУРОЛАБ, директорот на ИАРСМ зеде активно учество на Годишниот состанок на националните членки на ЕУРОЛАБ и придружните настани, организирани во негови рамки, и тоа: Меѓународна конференција ,,Лаборатории на иднината, Иднината на лабораториите” и семинар на тема ,,Најдобрите практики за одржливи лаборатории”.

На настаните во присуство на стотина меѓународни учесници-претставници од нарјразлични сектори и експерти беа дискутирани можностите и предизвиците со кои лабораториите се соочуваат или ќе се соочат во насока на технолошки и одржлив развој, при што беа споделени најдобрите практики за одржливост на лабораториите. Посебен осврт беше даден на клучните вектори кои влијаат на алатките и насоките за ,,лабораторијата на иднината”, земајќи ги предвид различните фактори, вклучувајќи ги и новите полиња во областа на тестирање, индустриски развој и перспектива, сајбер-сигурноста и дигиталната трансформација