На 8–9 април 2026 година, Институтот за акредитација на Република Северна Македонија беше домаќин на претставници од Swedac, со што дополнително се зајакна соработката меѓу двете институции.
Посетата се реализираше согласно претходно договорена агенда, која ги опфати:
- Презентација на организациите
- Дигитализација
- Меѓународна соработка
- Подготвеност за соработка
- Взаемна соработка во рамки на европската и глобалната акредитација
- Соработка во рамки на националната инфраструктура за квалитет
- Соработка помеѓу ИАРСМ и Swedac
Посебен акцент беше ставен на дигитализацијата и примената на вештачка интелигенција, што ја одразува нивната сѐ поголема важност во современите акредитациски системи.
Двете институции ја потврдија својата посветеност на натамошна соработка и усогласување на активностите.
И покрај интензивната агенда и конструктивните состаноци, беше одвоено време шведската делегација да се прошета низ Скопје и да го запознае градот од поблиску.