На 18 и 19 Ноември 2009 година во Истанбул, Република Турција се одржа работен состанок на телета за акредитација на Југоисточна Европа, организиран од Германскиот институт за метрологија (ПТБ) .
Целта на состанокот беше промоција на регионалната соработка во Југоисточна Европа на полето на инфраструктурата за квалитет, при што се дефинираа заедничките активности и понатамошното дејствување.
Учесници на овој настан беа представници на акредитационите тела на: Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска, Грција и Турција.
На состанокот активностите беа поделени на две компоненти “Градење на капацитетите на националните тела за акредитација“ и “Создавање на зедничка листа на оценувачи на телета за акредитација во регионот“. Во рамките на првата компонента ќе се организираат обуки за процесите на акредитација, обуки за оценувачи како за стандардите за акредитација така и за посебните барања за акредитација, како на пример одредување на мерната неодреденост во микробиологијата и земањето на примероци од човековата околина, обука за стандардот за телата за акреидтација ISO/IEC 17011, и анализа на слеливоста, создавање на база на податоци на регионалната метролошка инфраструктура, како и обука на оценувачи од таа област.