Национална конференција за акредитација согласно меѓународни стандарди како алатка за спречување на корупција

На 18 мај 2023 година во организација на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија (ИАРСМ), Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID) и Меѓународната фондација за изборни системи (IFES), беше организирана ,,Национална конференција за акредитација на меѓународни стандарди како алатка за спречување на корупција”.
      Тематската содржина на Конференцијата имаше за цел запознавање на јавноста со улогата и значењето на потребата од воведување на меѓународните стандарди ISO 37001 и ISO 27001 и групите на сродни стандарди преку акредитирана сертификација во јавниот и во приватниот сектор, како расположиви алатки за спречување на корупцијата и за безбедносна заштита на информациските системи.
      Настанот беше отворен и модериран од м-р Слободен Чокревски – директор на ИАРСМ, а свои обраќања имаа и:
– м-р Славица Грковска – Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија
– Дон Кармин – в.д.претставник –на УСАИД (USAID) во Република Северна Македонија
– Иона Косма, директор – Меѓународна фондација за изборни системи (IFES)
– м-р Мирела Зечевиќ, директорка на Агенцијата за акредитација на Хрватска (ХАА) и
– м-р Дражан Приморац, директор на Институтот за акредитација на Босна и Херцеговина (БАТА).
      На настанот присуствуваа бројни учесници:  владини претставници, претставници  од јавниот и бизнис секторот, претставници од Агенцијата за меѓународен развој на САД(USAID), претставници на меѓународната фондација за изборни системи (IFES), вработените од ИАРСМ, претставници на телата за оцена на сообразност и новинари.
     Конференцијата се вбројува во редот на активностите на тековната Активност за против-корупција и Интегритет”, финансирана од Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID) и имплементирана од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES).

     За суштината, значењето и придобивките од воведувањето на меѓународните стандарди и сертификација на системите за управување од акредитирани сертификациски тела, пред учесниците говореа иксусни експерти/предавачи.

     На тема “ISO 37001:2016 – Систем за управување против корупција и зголемување на довербата во  институциите”, експертски елаборации изнесоа:

     – д-р Анета Арнаудовска, Меѓународен советник за антикорупција и

     -проф.д-р Гоце Наумовски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ – Скопје.

     На тема: “ISO 27001: Систем за управување со безбедноста на информациите” експерстка елаборација имаше  Нина Угриноска, меѓународен водечки аудитор за ISO 27001, ISO 20000-1 и ISO 22301.

     На крајот, за  значењето на системот за акредитација за хоризонталната примена на ISO 37001 и ISO 27001 во институциите и во приватниот сектор говореше м-р Слободен Чокревски, директор на Институтот за акредитација.

ПОКАНА
ПРОГРАМА